|
Добредојдовте на
страната на Клубот за спортско стрелаштво Грифон Клубот е
стациониран во Скопје, Република Македонија. Својата работа
ја започна во февруари 2009 година.
Клубот ги обединува сите оние кои сакаат да
се занимаваат со спортско стрелаштво, независно од тоа дали
примарната желба им е да се натпреваруваат или само да се
рекреираат. Застапени се сите дисциплини на спортското
стрелаштво, со пневматско и огнено оружје. Стрелачките
активности се одвиваат во дисциплините признаени од
Меѓународната спортско-стрелачка федерација -
ISSF, Меѓународната асоцијација за
филд таргет стрелаштво - IFTA, како и
во други - рекреативни дисциплини. Имајќи ја предвид
неодамнешната либерализација на пневматското оружје во
Република Македонија, и
се
поголемиот број на граѓани кои го набавуваат овој вид на
оружје од рекреативни побуди, Клубот за
спортско стрелаштво ГРИФОН има намера да организира
стрелачки активности, токму според потребите на овие
граѓани. Целта е при тоа да се афирмира, безбедната и
правилна употреба на оружјето.
Повеќе за нас и нашите активности, прочитајте
ОВДЕ.
|