|
Настани
Подготовки
за светското првенство во филд таргет 2012
Оваа
година во периодот помеѓу 16 и 19 август во
организација на Норвешката Филд Таргет Федерација, во
Исфјорден, Норвешка ќе се
одржи светското првенство во филд таргет 2012.
На ова првенство Република Македонија ќе ја
претставуваат двајца стрелци од КСС Грифон:
Дамјан Богдановски и Тони Трајков, кои своето учество на
светското првенство го обезбедија како двајца највисоко
пласирани во националниот систем на натпревари. Подготовките за светското
првенство и тренинзите се веќе во тек.
Резултати од светското првенство во филд таргет
2010
Во периодот помеѓу 29 септември и 3 октомври
2010 година, во
организација на Унгарската Филд Таргет Федерација се
одржа светското првенство во филд таргет 2010.
Првенството се одржа во Унгарија, на подрачјето на
националниот парк Дебрецен - Банк. Ова е прва година на
која учествуваше Република
Македонија. Нашиот претставник - Дамјан
Богдановски освои 12-то место за Република Македонија во
ранг листата на држави и 112-то место во поединечна
категорија. Веќе се во тек првичните подготовки за
следното светско првенство кое ќе се одржи 2011 година
во Италија.
Зачленување во
Светската Филд Таргет Федерација
Април 2010, Клубот за спортско стрелаштво ГРИФОН
стана официјален член на World Field Target
Federation како национално
раководно тело за филд таргет за Република Македонија.
Научно истражувачка работа на КСС Грифон
Тимот за
научно истражувачка работа на КСС Грифон спроведува
истражување со цел да изнајде најдобро пневматско оружје и
муниција. Неколку збора за FX
Airguns 7000 - Gladiator DA и резултати од
тестирањето на
неколку видови на светски
познати дијаболи.
Рекордна продажба на сигнално и воздушно оружје во
Македонија Известување од претседателот на
Македонската Спортска Стрелачка Федерација
|