|
|
| |
|
|

|
Активностите на Македонската Спортска
Стрелачка Федерација продолжуваат во насока на доближување
на спортското стрелаштво до граѓаните. По успешното деби во
2007 година на 5 мај 2012 г. на
стрелиштето
Камник во Скопје, по
седми
пат ќе се одржи гран при турнирот во стрелаштво -
„СКОПЈЕ 2012„. Натпреварот е од
отворен карактер, што значи дека право на учество има секое
лице кое навршило 18 години. За оние граѓани, кои не
поседуваат сопствено оружје, организаторот на настанот на
лице место ќе овозможи изнајмување на оружје и муниција. За
учесниците на натпреварот се обезбедени медали, пехари и
вредни награди.
. |
|
|
Време
на одржување:
5 мај 2012 г. (сабота) во 10:00 часот
Место на одржување:
Стрелиште Камник - Скопје
(кликнете за мапа)
Пријавување:
Турнирот е од отворен тип и на него има право да се пријави
секој граѓанин кој навршил 18 години.
Прелиминарно пријавување на турнирот се врши во МАКЕДОНСКАТА
СПОРТСКА СТРЕЛАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА на телефон 02/ 316 33 55 секој
работен ден од 9 - 14 часот.
Последен рок за пријавување:
5 мај 2012 г. до 09:30 часот на
Стрелиштето Камник, пред почетокот на натпреварот - кај
организаторот.
Котизација:
300 денари по стрелачка дисциплина
Оценување на резултатите:
Резултатите ќе бидат оценувани од страна на спортски
стрелачки судии на Македонската Спортска Стрелачка
Федерација со судиска лиценца „А„.
Награди:
Медали, пехари и други вредни награди
Дружење и социјални
активности:
За учесниците во турнирот ќе биде организиран коктел.
Сигурност и заштита:
Учесниците на турнирот се должни да се придржуваат кон
правилата за безбедно ракување со оружје и упатствата дадени
од страна на спортските стрелачки судии. За време на
изведувањето на гаѓањето, задолжително е користење на
средства за заштита на видот и слухот (антифони и наочари).
ВНИМАНИЕ: САМО ЕДЕН ЕДИНСТВЕН
ИСТРЕЛ ОД ОГНЕНО ОРУЖЈЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОВОЛЕН ДА ПРЕДИЗВИКА
ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ !!!
ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ ВО СВОЈАТА НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА ИСФРЛА ВРЕЛИ
ГАСОВИ И ЧАУРИ, КОИ МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ПОВРЕДА КАЈ
ОКОЛНИОТ ПЕРСОНАЛ !!!Организаторот не
прифаќа одговорност за здравјето на учесниците во турнирот и
посетителите, кои не се придржувале кон упатствата дадени од
овластените лица.
Прва помош:
За време на одржувањето на турнирот на
Стрелиштето Камник, ќе има
медицинска екипа за давање на прва помош.
|
Д И С Ц И П Л И Н И



|
|
| |