logo

КСС Грифон
 Соопштенија 
 Настани
 Дисциплини
 Стрелишта
 Тренинзи
 Натпревари
 Членство
 Соработници

 Контакт

 За нас
 Документи
 
MeteoKapistec
Времето во Скопје

Meteokapistec
Временска Прогноза






















































 
СТРЕЛИШТА
КАМНИК

Стрелиштето Камник е стрелиште од отворен тип - и по својот физички карактер, бидејќи се наоѓа на отворен простор и по организацијата на водење, бидејќи е цивилно стрелиште - отворено за граѓаните. Стрелиштето е управувано од Градскиот Стрелачки Сојуз на Скопје. Стрелиштето всушност е комплекс од три помали стрелишта:

1) 300 метарско стрелиште, од кое со насип е издвоено 100 метарско стрелиште
2) Двојно 25 метарско стрелиште
3) Стрелиште за летечки мети (глинени гулаби)

Кликнете овде за слика на стрелиштето

Сите три стрелишта ги исполнуваат пропозициите за одржување на натпревари во ISSF дисциплините. На стрелиштето се постојано присутни двајца вработени професионални инструктори по стрелаштво, кај кои можете да се обратите, како за полна обука во ракување со огнено оружје, така и за скратено објаснување доколку прв пат се среќавате со оружје, а имате желба да испукате неколку куршуми. Доколку Вие и вашите пријатели имате желба да се разонодите стрелајќи од огнено оружје, стрелиштето Камник ви нуди неколку видови на пиштоли и пушки, вклучувајќи ја и автоматската пушка АК-47 Калашњиков. Влезот во стрелиштето е бесплатен, оружјето исто така, а се наплатува само муницијата. Цената на муницијата варира зависно од произведувачот, но ориентационо, еден куршум за пиштол калибар 9 мм Лугер е 30 денари, куршум за малокалибарска пушка и пиштол ЛР22 е 10 денари, а за голем калибар од 40 денари па нагоре. (Калашњиков: 30 куршуми по 40 денари = 1200 денари по шаржер) Стрелиштето врши и обука на професионални кадри наменети за агенциите за обезбедување.

Оружјето кое е на располагање на стрелиштето Камник е пред се наменето за обука, а не за прецизно стрелање. Доколку вашите критериуми за прецизност се исклучително високи и барате оружје со врвна прецизност или сакате сериозно да се занимавате со стрелаштвото како спорт, обратете се до Клубот за Спортско Стрелаштво ГРИФОН, а ние ќе се обидеме да ви помогнеме.

Специјалност на членовите на Клубот за Спортско Стрелаштво ГРИФОН е прецизното стрелаштво, особено со пневматско оружје. Членовите располагаат со широк асортиман на високо квалитетни воздушни пиштоли и пушки, кои по договор можете да ги испробате. Меѓу многуте модели се истакнуваат: број еден пиштол во светот од олимписка класа
STEYR LP-10, воздушната пушка од олимписка класа LG-110 која е специјално изработена од фабриката Steyr по нарачка и проект на членот на КСС Грифон, Емин Кумбараџи, врвните воздушни пушки со голема снага на FX Airguns - 7000 Gladiator DA и 8000 Revolution. Муницијата која се користи во КСС Грифон е на најдобриот за тој вид оружје производител во светот - JSB. КСС Грифон е единствениот клуб во Македонија специјализиран за дисциплината Field Target. КСС Грифон учествува и во сите спортско - стрелачки натпревари во олимписките дисциплини. Повеќе информации и контакти кај некој од членовите на Управниот Одбор на клубот.


Како да стигнете до стрелиштето ???

- На ова прашање како најефикасен одговор досега се има покажан описниот метод:

Возите од центарот на Скопје - кон автопатот кој води кон Куманово / Гевгелија. Поминувате покрај Македонска Телевизија, Саемот, Хотел Континентал, Клучката што доаѓа од Ново Лисиче и кванташкиот пазар... Кога ќе дојдете до клучката што се исклучува за Ченто / Триангла (Маџари) - се исклучувате и вртите лево преоѓајќи над автопатот, повторно вртите лево и се враќате по автопатот кон центарот на градот. После одприлика 300 метри се наоѓа бензиска пумпа на Лук Оил. Неколку метри пред пумпата вртите десно за скоро 180 степени и по асфалтен пат одите само право. После 200 метри ќе наидете на тунел кој поминува под пруга. Поминувате низ тунелот и одите САМО ПРАВО додека не удрите во вратата на стрелиштето Камник. (Не пробувајте да удрите - ставивме бетонски скали пред вратата...)

За оние кои го преферираат визуелниот метод - соберете карта ОВДЕ  Камник сликичка или ОВДЕ Слика од Google Earth

За оние Џи Пи Ес фрикови - координатите се овие:   N 42° 00,415'    E 021° 29,181'



p
  Copyright © 2009 - Клуб за спортско стрелаштво ГРИФОН, Скопје, Македонија
Ваш Коментар | Дома  
p
p