|
ЗА НАС
Дамјан Богдановски - претседател на КСС ГРИФОН

Тел. 075/ 49 88 28
E-mail:
grifon@grifonclub.info
Емануил Муратовски - член на Управниот одбор
на КСС ГРИФОН

Тел. 071/ 363 363
E-mail:
emil@grifonclub.info
Емин Кумбараџи - член на Управниот одбор на КСС
ГРИФОН

Тел. 075/ 404 324
E-mail:
emin@grifonclub.info
Доколку вашите критериуми за прецизност се
исклучително високи и барате оружје со врвна прецизност или
сакате сериозно да се занимавате со стрелаштвото како спорт,
обратете се до Клубот за Спортско Стрелаштво ГРИФОН, а ние
ќе се обидеме да ви помогнеме.
КСС Грифон е засега единствениот клуб во Македонија кој е
специјализиран во дисциплината
ФИЛД
ТАРГЕТ и како полноправен член на Светската Асоцијација
за Филд Таргет ја има улогата на регионално раководно тело
за Република Македонија.
Специјалност на членовите на Клубот за Спортско Стрелаштво
ГРИФОН е прецизното стрелаштво, особено со пневматско
оружје. Членовите располагаат со широк асортиман на високо
квалитетни воздушни пиштоли и пушки, кои по договор можете
да ги испробате. Меѓу многуте модели се истакнуваат: број
еден пиштол во светот од олимписка класа
STEYR LP-10, воздушната пушка од
олимписка класа
STEYR LG-110 Match, како и
STEYR LG-110
Field Target чиј што постојан
развој е поддржан од соработката помеѓу
STEYR SPORT и КСС
ГРИФОН. Една од првите верзии на овој модел беше изработена од фабриката Steyr
по нарачка и проект на членот на КСС Грифон, Емин Кумбараџи.
Подоцна, во рамки на подготовките за Светското првенство во
филд таргет 2010, репрезентативецот на Македонија, Дамјан
Богдановски, изврши сопствени тестирања на оваа пушка, после
кои до конструкторскиот тим на
STEYR
достави свои предлози за подобрување на моделот, а дел од
тие сугестии се веќе имплементирани во најновиот модел. Во
арсеналот на Грифон се и врвните воздушни пушки со голема снага на FX Airguns
-
7000 Gladiator DA
и
8000 Revolution. Воздушниот пиштол
наменет за брзо гаѓање
STEYR LP-50E. Муницијата која се
користи во КСС Грифон е на најдобриот за тој вид оружје
производител во светот -
JSB.
Покрај натпреварите во дисциплината Field Target, КСС
Грифон учествува и во сите спортско - стрелачки натпревари
во дисциплините на
ISSF.
Повеќе информации можете
да добиете кај
некој од членовите на Управниот Одбор на
клубот.
|