|
Летечки Мети
Дисциплините во
групата „летечки мети“ се можеби едни од најспектакуларните
во спортското стрелаштво. Постојат многу варијации на овие
дисциплини, кои од земја во земја се разликуваат, но двете
главни, кои имаат и своја олимписка верзија се ТРАП и СКИТ.
За сите дисциплини заедничко е тоа што стрелецот со пушка -
сачмарка, од определена позиција, треба да погоди глинени
мети (глинени гулаби), кои исфрлени од специјална машина
летаат низ просторот.

Кај
ТРАП дисциплината, стрелците пукаат еден по еден во
група од шесторица - на пет позиции пред кои се наоѓа
машината за исфрлање глинени мети.

По испукувањето секој стрелец се поместува во правец на
часовникот на следната позиција, се додека сите стрелци не
ги поминат сите позиции. Машината за исфрлање се состои од
15 исфрлувачи со фиксен агол. Од една позиција секој
натпреварувач гаѓа во 25 мети - 10 на лево, 10 на десно и 5
право. Вкупниот број на мети по натпреварувач е 125 за мажи
и 75 жени. Метите летаат 76 метри и агол не поголем од 45
степени на било која страна. Во дисциплината
DOUBLE TRAP се исфрлаат по две
мети во временски интервал до една секунда.
Кај
СКИТ дисциплината има две машини за исфрлање, а
стрелецот треба да ги погоди метите од 8 различни позиции -
7 во полукруг со радиус 19 метри и една помеѓу двете машини.

Најпознати клубови во Република
Македонија кои ја негуваат дисциплината „летечки мети“ и на
своите стрелишта одржуваат натпревари се „Бучим“ од Радовиш
и „Магнум“ од Богданци.
За датумите на одржување на натпреварите можете да се информирате на
насловната страна на
веб сајтот на КСС Грифон или во
рубриката НАТПРЕВАРИ.
|